BEISSBARTH

BBlogoАутомакедонија АД Скопје со потпишувањето на договорот за партнерство и соработка, на богатата листа на партнери и добавувачи од странство, во 2014 година го додаде и Германскиот гигант BEISSBARTH – дел од групацијата на BOSCH.

Со тоа Аутомакедонија се стекна со статусот – официјален увозник, дистрибутер и сервисер на опремата од Германскиот производител – BEISSBARTH.

За Beissbarth

Компанијата Beissbarth е основана во далечната 1899 година во Минхен. Традицијата, напредната технологија и врвниот квалитет на производите на Beissbarth ги препозна и светскиот гигант BOSCH кој во Април, 2007 година стана сопственик на Баварските специјалисти за производство на опрема и ги приклучи во својата Bosch Group-ација.

Сервисната опрема на Beissbarth е одобрена од најголемиот број на производители на возила во Европа и активно се користи во мрежата на овластени сервиси во светот, но подеднакво е атрактивна и употребувана и од неовластените (независни) сервисни центри и станици за редовен и вонреден технички преглед.

Аутомакедонија и Beissbarth

Со потпишувањето на договорот за соработка, Аутомакедонија стана дел од авторизираната мрежа на 250 дистрибутери и сервисери во светот кои ја нудат, одржуваат и сервисираат опремата на Beissbarth а се директно поддржани од централата во Минхен.

Сега, во Аутомакедонија можете да ги добиете најдобрите и најкомплетни понуди за :

  • Oпрема за подесување на геометрија на тркалата (Wheel alignment)
  • Опрема за тестирање на возила (Опрема за станици за технички преглед и за сервисни центри)
  • Тестери за предни светла
  • Опрема за промена и балансирање гуми
  • Опрема за тестирање и поправка на клима уреди кај возилата
  • Дигалки

Најзначајните продукти на Beissbarth


Oпрема за центрирање (подесување на геометрија на тркалата)


Easy 3d

easy 3d wlanEasy 3d на Beissbarth  е еден од наједноставните системи за центрирање (подесување на геометрија на тркалата) во светот. Се одликува со исклучителна прецизност во мерењето и неверојатна едноставност во ракувањето. Целиот процес на мерење на параметрите до вадењето на печатен репорт за состојбата трае неверојатно кратко – околу 7 минути што го прави системот крајно економичен и подобен за сите видови на сервисни центри (овластени и независни).

Треба да се напомене и дека процесот на мерење на параметрите и подесување на геометријата на тркалата може да го совладаат лесно и оние без специјални познавања од оваа област. Се што треба да се направи е да се постават клемите на тркалата и да се вклучат сензорите на системот) по што за 7 минути добивате принтан репорт за состојбата на тркалата и потребата од корективни прилагодувања.


Опрема за станици за технички преглед

ic performАутомакедонија во соработка со експертите во Минхен ќе Ви понуди најдобро можно решение за Вашата Станица за технички преглед (за патнички возила или комбинирана – за патнички и товарни возила) од палетата на Beissbarth.

Во проектните предлог решенија на нашите експерти ќе Ви биде понудена опремата за технички преглед согласно вашите барања, законската регулатива во земјата  и капацитетот на објектот предвиден да функционира како станица за технички преглед. Притоа понудата ќе ги опфати и сите елементи – вклучувајќи ја набавката, монтажата, иницијалниот тренинг и неопходната постпродажна поддршка на опремата.

Од Beissbarth можете да ги добиете сите неопходни инструменти интегрирани во една линија за технички преглед – тестери за кочници, странични слип тестери, тестер за светла, тестер за емисија на издувни гасови, мерач на бучавост…


Опрема за промена и балансирање на пневматици (гуми)

mt795Опремата на Beissbarth за промена и балансирање на гуми опфаќа широка палета на високопрофесионални машини кои може да се користат во бизнисот со пневматици за патнички, комерцијални возила, камиони, автобуси и специјални возила (машини).

Имајќи ги предвид Вашите потреби и потребите на Вашите клиенти, заедно со експертите на Beissbarth можеме да Ви понудиме најдобри можни решенија кои идеално ги комбинираат цените со вредноста што ја добивате за возврат.

Широката палета на производи на Beissbarth ви нуди комплетно решение за Вашиот пневматски сервис – демонтерки, балансерки, опрема за центрирање, дигалки.

VLS 3За пневматските сервиси особено се популарни специјалните мобилни дигалки на Beissbarth – VLS 3130, кои можете да ги поставите секаде во вашиот сервис (не бараат фиксирање за подот), а во летната сезона, со мобилниот кит и да ги изнесете надвор од сервисот и добиете уште едно работно место. Дигалките овозможуваат подигнување до 930 мм (доволно за операциите поврзани со замената на гуми на патнички возила, како и  брзи интервенции на кочниците).

Ве покануваме да не контактирате за кратко информативно интервју по што ќе ви ја изготвиме и доставиме најдобрата можна понуда на машини и аксесоари од Beissbarth.


Дигалки

BB1284051261_600За комплетирање на понудата, Германскиот производител  Beissbarth на своите клиенти им нуди и широка палета на дигалки.

Во понудата може да се најдат најквалитетните дигалки на пазарот произведени во Германија во речиси сите свои форми – како двостолбни електрични и хидраулични дигалки, како дигалки во форма на ножички (идеално решение за заштеда на просторот во вашиот сервисен центар) или како четиристолбни дигалки кои нудат и комплетно изведени решенија – за линија за технички преглед или за центрирање.

За конкретно решение, Ве покануваме да не контактирате за консултативно интервју.


За било какви информации, понуда или сервисна поддршка за опремата за сервисирање на BEISSBARTH тимот на Аутомакедонија Ви стои на комплетно располагање.

Тел. 02 3103 130, 3103 280, 070 35 88 06