BRIDGESTONE

Аутомакедонија  е овластен увозник и дистрибутер на гумите BRIDGESTONE за Македонија.

Гумите на BRIDGESTONE припаѓаат на групата пневматици од премиум класа, кои учествуваат како оригинална опрема во многу производители на возила во Европа и светот.

Палетата на BRIDGESTONE е составена од следните пневматици :

POTENZA S001

Potenza S001 е летна гума со ултра врвни перформанси (UHP) наменета за брзи и за возила од високата класа со високи перформанси (моќност, брзина, забрзување). Кај неа прецизноста се комбинира со супериорно прилепување на патот и можност за маневар.

Развиена и тестирана е во најтешките арени на моторспортот, а Bridgestone Potenza S001 ви дава можност да извлечете максимум од потенцијалот на вашето возило со високи перформанси без никаков компромис со безбедноста и комфорот.

Шарките на гумата се направени за брзо исфрлање на водата, што гумите ги прави идеални и за сува и за влажна површина на патот.


POTENZA Аdrenalin RE002

Со Potenza Adrenalin RE002 можете идеално да господарите со моќта на вашето возило како никогаш досега. Уникатниот асиметричен дизајн и напредната конструкција комбинираат врвни нивоа на прецизност, стабилност и контрола низ сите нивоа на возење. Нуди стабилност при влегување во свиоци при големи брзини и екстремно флуиден одговор на воланот.

Главните перформанси на гумите се :

  • Oстар и прецизен одговор на воланот за одлична спортска управливост
  • Супериорно прилепување на патот и стабилност при вегување во свиоци.
  • Атрактивен изглед на гумата

TURANZA T001

Следете го патот, следете го вашето срце и откријте ја повторно возбудата на патувањата со најновата летна гума Bridgestone Turanza T001. Со неа се постигнува оптимална комбинација и баланс помеѓу безбедноста, комфорот, издржливоста и заштитата на животната средина.  Тouranza T001 е знаменосец на најновата технологија за производство на гуми на Bridgestone. Со нив можете да се опуштите и да уживате во возењето без оглед на условите на патот и должината на патот на кој се упатувате.

Главните карактеристики на Тouranza T001 се :

  • Оптимално прилепување на патот и стабилност за добро кочење на влажна површина.
  • Врвна стабилност при високи брзини и перформанси на туринг за мазно и комфорно возење
  • Нови нивоа на ефикасност, комбинација на мал отпор при тркалање со минимална звучност при возењето.

ECOPIA ЕP001S

Летната гума Bridgestone Ecopia EP001S има одлични перформанси на влажно време, многу низок отпор на трклање по површината и емисија на штетни материи (јаглерод) што ја направија една од првите гуми на светот со рејтинг од двојно А за прилепување на влажна површина и за економичност при возењето (заштеда на гориво).

Покрај неа, во палетата на модели ECOPIA се вбројуваат и другите членови на семејството – Еcopia EP150 (со одлична економичност при возењето и одлични перформанси на влажна површина), Ecopia EP25 (премиум гума со одлични својства во заштитата на околината и специјално наменета за Тоyota IQ и Peugeot 208), Ecopia EP500 (направена со специјална технологија за намалување на отпорот при тркалање, заштеда на гориво, а сепак задржана безбедност и комфор).