CHEVROLET

По одлуката на GENERAL MOTORS, да запре со продажбата на возила од гамата на Chevrolet во Европа, а со тоа и во Македонија, Аутомакедонија е првата компанија на пазарот која го потпиша новиот договор со GM и продолжи да функционира како овластен сервисер за возилата од гамата на CHEVROLET во нашата земја.

Со тоа, на своите клиенти и купувачи им обезбеди континуитет во редовното одржување и сервисирање на возилата од гамата на Chevrolet, им обезбеди нормално функционирање на гарантните услови и континуиран пристап до резервни делови.


Сервисниот центар за CHEVROLET  е лоциран во населбата Автокоманда (спроти Шумарскиот факултет), ја поседува комплетната опрема, дијагностички инструменти и специјален алат препорачани од страна на производителот. Сервисните инжинери и експерти на Аутомакедонија имаат долгогодишно искуство во дејноста, активно ги следат обуките на Академијата на General Motors

Во сервисот се користат оригинални резервни делови со врвен квалитет и пристапни цени, а се користат и пропишаните процедури, оригиналниот хардвер и софтвер.

Инжинерите се поврзани линковски со Техничкиот центар на General Motors што гарантира брзо и ефикасно решавање на сервисните проблеми за сите возила од оваа марка.


За закажување на редовен или вонреден сервис јавете ни се на тел. 02 3103 130, servis@automakedonija.com.mk