OPEL

Аутомакедонија е овластен увозник, дистрибутер и сервисер на патничките и комерцијални возила од гамата на OPEL.

Во Продажно сервисниот центар на Аутомакедонија во населбата Автокоманда (спроти Шумарскиот Факултет), се сместени продажниот салон и овластениот сервисен центар за ОPEL.

На оваа исклучително атрактивна локација можете да ги видите и набавите новите модели на OPEL, да направите тест возење и да ги разгледате сите можности за купување и финансирање на вашето ново возило.

Нашите продажни консултанти Ви стојат на комплетно располагање на тел. 02 3103 150 или нa opel@automakedonija.com.mk


 

Се разбира, ако веќе поседувате возило OPEL, во овластениот сервисeн центар на Аутомакедонија можете да направите редовно одржување на возилото, како и дијагностика, механички и електронски сервис.

Сервисниот центар на Аутомакедонија ја поседува комплетната дијагностичка опрема препорачана од производителот, специјалниот алат, оригиналниот хардвер и софтвер неопходни за сервисирање на возилата од гамата на OPEL. Нашите сервисни инжинери и експерти се едуцираат во Академијата на General Motors и имаат долго искуство во својата област. Тие се во директна линковска врска со техничкиот центар на OPEL и можат брзо и ефикасно да ги решат сите сервисни проблеми на вашето возило.

Резервните делови и потрошниот материјал се оригинални, а на секоја интервенција добивате и гаранција на квалитетот. Во специјалните сервисни одделенија можете да извршите и подесување на геометријата на тркалата, да набавите нови летни и зимски гуми, монтирате клима и заштитни фолии, да монтирате плински уред, да извршите мали поправки на каросеријата, бојата и лакот на вашето возило, да монтирате аудио и друга електронска опрема.


 

Закажете го вашиот сервис на тел. 02 3103 130 или нa servis@automakedonija.com.mk


 

На оваа локација, клиентите на OPEL може да ги искористат и услугите на нашите компании АМ ЦЕРТ и АМ БРОКЕР и да направат – редовен технички преглед и регистрација на возилото, атест на плински уреди и клима фолии, да направат осигурување (Авто одговорност и каско), да извадат зелен картон…

На тој начин, сите услуги за своето возило може да ги завршат на едно место  со многу поволности и бенефиции.